НАСА: Крајот на светот ќе биде на петти февруари 2040 година

НАСА објави дека Земјата по 30 години може да исчезне во судир со гигантскиот астероид 2011 AG5.

Според претпоставките тоа ќе се случи на петти  февруари 2040 година, а научниците зборуваат за висока веројатност за катастрофа – 1:625.

Судирот би довел до смрт на милиони луѓе, но човештвото нема да исчезне целосно. Сепак попрецизни податоци НАСА ќе има за неколку години од причина што небесното тело ќе биде погодно за наблудување.

Астрономите како пример за големината на астероидот го земаат судирот со четири километарскиот астероид за кој се смета дека довел до смртта на диносаурусите.