Населбата Даме Груев ќе добие ново повеќенаменско игралиште

Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски го означија стратот на изградбата на повеќенаменското игралиште во нас. Даме Груев, кое е дел од проектот на Владата за изградба на 100 повеќенаменски маалски игралишта низ целата држава.

Претседателот на Собранието, Вељановски изјави дека ветеното се оставрува во интерес на граѓаните на општината Ѓорче Петров.

-Игралиштето ќе биде оспособено за играње мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и други игри и верувам дека ова повеќенаменско спортско игралиште ќе претставува одлично место за спортски активности на учениците од оваа населба, но и вистинско место за рекреација на повозрасните, потенцираше Вељановски.

ams dame gruev 2

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Спасески се осврна на капиталните проекти на Агенцијата и ја потенцираше определбата на Владата за изградба на  спортски капацитети низ целата земја, со што се потврдува фактот дека спортот мора да биде достапен секому и секаде подеднакво.

– Од овие капитални проекти не беше изземена ниту општината Ѓорче Петров каде досега само преку Агенцијата за млади и спорт се инвестирани преку 95 милиони денари, или нешто повеќе од 1.5 милиони евра за изградба на 2 спортски сали, 2 фудбалски игралишта, 1 двоен тениски терен, 1 спортски полигон за фудбал и кошарка, како и 2 повеќенаменски спортски игралишта, а до 2018 предвидена е изградба на уште повеќенаменско игралиште во оваа општина, истакна Спасески.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски се заблагодари на Владата и на Агенцијата за млади и спорт за сите инвестиции во спортот, од кои како што рече, најголем бенегит ќе имаат младите луѓе.

-Само преку спортот можеме младите да ги оддалечиме од пороците на модерното општество и да ги насочиме на вистионскиот пат. Ова игралиште ќе претставува вистински спортски храм, од каде очекуваме да излезат нови репрезентативци и вистински спортски амбасадори на општината, рече Митровски.

Изведувач на работите на игралиштето е фирмата Бауер БГ, а инвестицијата е во вредност од околу 8.6 милиони денари. Градежните работи се очекува да завршат за околу 3 месеци.