Населени места од 6-ка одат во 5-та Изборна единица: Пазар на гласови за Закон за ЈО

Се повторува ли 2004-та година кога тогаш владејачката СДСМ со новиот Закон за територијална организација (читај поделба), ја смени демографската карта во Макеоднија и приспои несоодветни рурални општини со градски за да Албанците ги добијат потребните 20% за користење на погодностите од Охридскиот рамковен договор?

Овојпат, пазарот е јасен – гласовите на пратениците на ДУИ за Законот за ЈО кој треба да го спаси или амнестира во иднина, т.е. по изборниот пораз, лидерот на СДСМ Зоран Заев за криминалите, толкуваат експертите за Курир. Овојпат,  СДСМ ги предава Дебар, маврово и Ростуше на барање на ДУИ, за да тие можат од воие општини да искамчат барем уште еден пратеник. Таква е математиката со префрлањето на овие „нивни“ населени места од 6-ка во 5-та изборна единица.

На ова директно наведува последниот пазар меѓу ДУИ и СДСМ насочен кон прекројување на изборните единици пред престојните парламентарни избори. Со измените во Изборен законик се предвидува Маврово, Ростуше и Дебар, од Шестата изборна единица да се префрлат кон Петтата, појасни на денешната прес конференција Артан Груби од ДУИ.

Како што кажа тој, со тоа би се постигнало нивелирање помеѓу Изборните единици.

Груби неслучајно додаде и дека ДУИ недвосмислено го поддржува донесувањето на Законот за ЈО и не го условува со ниту еден друг закон

ДУИ очекува изборите да се одржат на 12 април, со донесување на законите коишто се во процедура пред распуштање на Собранието, додаде Груби.