10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Населеното место Св. Климент Охридски во Бутел добива нов парк со име „Олимписки сон“

Градоначалникот на општината Бутел преку статус на Фејсбук пишува дека во чест на олимпискиот медал на Дејан Георгиевски населеното место Св. Климент Охридски добива нов парк со име „Олимписки сон“.

-Во чест на олимпискиот медал на Дејан Георгиевски населеното место Св. Климент Охридски добива нов парк со име „Олимписки сон“.

Паркот олимписки сон покрај ново место за релксирање нека биде и мотив за сите млади спортисти од нашата општина дека се е можно, па дури и освојување медал од најелитното спортско натпреварување олимписките игри!

Општина Бутел се менува, стои во неговиот пост на Фејсбук.