Насер Зибери: Али Ахмети контактира со другите албански партии

Насер Зибери, кандидатот за прв премиер Албанец на Македонија, на својот профил на Фејсбук, по објавувањето на изборните резултати, онјави дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, веќе контактира со другите албански партии за, како што вели тој, да ја остварат својата кауза.

„Со 15 мандати, Демократската унија за интеграција станува уште помоќна за да започне преговори со македонските партии. Како што секогаш велевме, оваа идеја е поголема од ДУИ и која било друга партија.

Затоа, сакаме да ги обединиме и вклучиме сите албански партии, особено сите граѓани во нашата национална кауза.

Али Амети и Демократската унија за интеграција веќе контактираа со другите албански партии во сериозни разговори за поддршка на идејата за албанскиот премиер кој ќе работи за сите граѓани и за државата воопшто“, напиша Зибери во дел од својот статус.