Нашинците со часови чекаат на Табановце

Иселениците со часови чекаат за влез на Табановце

На долгото чекање не можеше да издржи овој човек кој со дете во рацете реши пеш да ја помине границата.

Ова е уште една слика од чекањето. Изморено дете, патници надвор го чекаат автобусот со кој патувале, да се помести неколку метри понапред.

Револтирани и уморни патници. Велат најтешко им е чекањето на вратата од куќата.

„Кога доаѓаме овде, сакаме да се вратиме од малтретирањето што ни го прават и ова е неправедно. Државата Македонија, како граѓани на оваа држава, кои ја вложуваат најголемата инвестиција во нас, преку нас работи цела држава и да бидеме малтретирани на овој начин, секако е неправедно. Дали е можно да се праша политичар, дали е така?“, рече еден патник, за телевизија Алсат.

„Чекав по патот Хрватска-Словенија некаде 6 часа, некогаш 8, некогаш 10 часа. Патот е тежок. Имаше многу сообраќај. Особено ние Албанците во Србија чекаме многу“, додаде друг.

“Дали чекавте долго на границата? Само во Македонија сега чекаме. Никаде на друго место. Треба да се олесни затоа што сме од оваа држава. Барем овде кога ќе дојдеме. Кога си одиш дома, татко ти ја отвора вратата, не ја затвора“, изјави друг патник.

Во последните два дена има долги колони на границата Македонија-Србија, Србија-Унгарија и Србија-Хрватска. Нов наплив на патници се очекува и во текот на наредната недела поради новогодишните празници. Ваквите слики се повторуваат веќе неколку години, иако нашите власти во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ презедоа чекори за спроведување на опцијата One stop Shop, односно за чекање само на едната страна на границата, но ниту тоа не ги намали гужвите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.