Насилни протести во Мадрид и Барселона за поддршка на затворениот рапер

Насилни протести на поддршката за приведениот рапер Пабло Хасел во Мадрид и Барселона избувнаа во средата вечерта, откако ден претходно беа повредени 33 лица во судирите со полицијата во шпанската североистична покраина Каталонија.

Каталонската полиција го приведе во вторникот 33-годишниот Хасел по налог на судот во Мадрид каде е осуден на деветмесечна затворска казна поради навредувања на сегашниот и поранешниот шпански крај, повикување на смрт на кралската династија Борбон и убиство на новинар, како и за величење на тероризмот.

Повеќе од 30 протестни собири беа најавени за средата вечерта во Шпанија, од кои повеќето во Каталонија, чијшто главен град Барселона беше надлетуван од полициски хеликоптер каде што повеќе стотици лица се судрија со полицијата. Демонстрантите палеа контејнери и поставуваа барикади, а полицијата возрати со пендраци, според снимките кои ги емитуваат локалните телевизии.

Во Мадрид протестите беа организирани преку социјалните мрежи, а до судиите со полицијата дојде на главниот градски плоштад Пуерто дел Сол, каде демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења. Мадридскиот градоначалник Хозе-Луис Мартинез Алмеида го осуди однесувањето на демонстрантите и ѝ даде јавна поддршка на полицијата. Подоцна полицијата со пендреците и штитовите ги потисна демонстрантите.

„Во едно демократско општество нема место за никакво насилство. Обврска ми е да го запрам бранот насилства“, изјави претходно во средата на прес-конференција во Барселона каталонскиот министер за внатрешни работи, Микуел Сампер.

Во Леида, каде што беше приведен Хасел и подоцна затворенм исто така избувнаа безредија. Демонстрантите ја нападнаа полицијата пеејќи ги песните на раперит.

Во вторникот вечерта беа повредени 33 лица, од кои 17 полицајци, во повеќе каталонски градови. Насилството избувна кога демонстрантите ги опкружија полициските станици фрлајќи камења и шишиња, по што полицијата возврати со пендреци и солзавец.

Левичарски ориентираниот Хасел е осуден поради неговите стихови во кои ги прозива поранешниот и сегашниот шпански крал за корупција, за аферата со продажба на оружје за Саудиска Арабија и за монденски живот на кралското семејство на сметка на сиримашните, повикува на укинување на монархијата и воспоставање на република, и текстови во кои се зборува за порано забранетата и веќе распуштена баскиска сепаратистичка организација ЕТА,

„Смрт на Боронините“ е насловот на неговата песна од 2011 година посветена на поранешниот крал Хуан Карлос Борбон, кој по абдицирањето во полза на својот син е во странство а во Шпанија е под истрага за корупција. Во своите песни и преки социјалните мрежи често ги споменува вооружените групи, кои се на листата терористички организации во Шпанија, како што се ГРАПО, ЕТА и Тера Лиура. Судот во 2014 година му изрече затворска казна од две години оценувајќи дека го „велича тероризмот“. Пресудата подоцна беше поништена, бидејќи претходно не бил кривично казнуван.

Хасел продолжи со полемичките стихови па во 2018 година повторно беше осуден поради истата причина. Доби две години затвор и парична глоба од 24.300 евра. Апелациониот суд потоа му ја намали казната на девет месеци затвор. Врховниот суд во Мадрид минатата 2020 година му ја потврди казната.

„Слободата на изразувањето вклучува и одредени ограничувања“, се наведува во одлуката на судот.

Раперот во вторникот со група негови приврзаници се забарикадира на универзитетот во родниот каталонски град Лерида, од каде го изведе полицијата по куса интервенција.