Насилниците се поврзани со Курто Дудуш од СДСМ, знаат дека народот е со нас и затоа одат со сила

Пратеникот Амди Бајрам тврди дека напаѓачите кои попладнево го истепале син му Елвис Бајрам кој е градоначалник на Шуто Оризари, се поврзани со кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на СДСМ, Курто Дудуш.

„Пред четири пет дена местевме банери и тие почнаа со инцидент. Му се јавивме на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и му рековме да не правиме провокации, да одиме на фер и демократски избори и подобриот да победи. Тој ни рече дека нема да има привилегирани за оној кој ќе згреши, без разлика дали е од наша страна или од страната каде што е кандидат од СДСМ. Секој според законот ќе биде дали притворен или ќе бидат преземени мерки кон него. Градоначалникот е во кампања и одел од врата на врата. Одеднаш му излегле со секири, со шипки и го удриле. Ми кажаа дека шефот на кабинетот прво бил удрен а потоа и мојот син. Таа фамилија е позната, го држеа ‘Матекс’ пазарот во Шутка со рекет и со сила. Тие сега се во партијата на СДСМ и кандидатот Курто Дудуш е со нив. Барам министерот да го спроведе тоа што треба, ако нашата страна е крива нека притвори од кај нас. Знаат дека народот е со нас и затоа одат со сила“, изјави Бајрам за медиумите.