Насилства во Лондон на протестите против полициската бруталност

Едно лице е уапсено во саботата во источен Лондон, соопшти полицијата, откако протестот против полициската бруталност се претворил во петокот доцна ноќта во насилство во кое демонстрантите полицијата за задушување на немирите ја гаѓале со шишиња, запалливи средства и други предмети.

Полицијата наведува дека повод за протестот била смртта на маж кој претходно минал една седмица во притвор. Станува збор за 20-годишниот црнец Рашан Чарлс, кој минатата седмица завршил во болница, откако полицајците кои го бркале го фатиле во продавница и го приклештиле на подот.

Неколку десетици демонстранти, од кои некои биле маскирани, подигнале барикади на улиците и го оневозможиле одвивањето на сообраќајот, а запалиле и контејнери за отпад. Протестот се одвиваше на Кингсленд Роад во близина на продавницата во којашто Чарлс е уапсен, Демонстрантите ги искршиле излозите на околните продавници.

Лондонската полиција објави соопштение во кое се известуваат гаѓаните дека во истата област од градот е закажан протест и во саботата.

Комисијата за приговори за работа на полицијата објави дека ќе ги испита околностите за загинувањето на Чарлс.

Оваа комисија веќе го истражува случајот на смртта на човек кој полицијата во јуни го запрела во друг дел од источен Лондон, кај кого при аутопсијата во грлото се пронајдени вреќички.

Големи протести избувнаа во Лондон во летото 2011 година откако полицијата застрела човек кој бил познат криминалец. Последователната истрага покажа дека полицијата дејствувала во согласност со законот.