Наскоро дијалог меѓу САД И Иран за безбедноста на Ирак

САД со долгогодишниот противник Иран се подготвуваат да започнат директен дијалог за безбедноста на Ирак и начините да се потиснат сунитските екстремисти, кои заземаат поголем дел од северните делови на земјата, објави Вол стрит журнал.

Повуикувајќи се на неименувани американски официјални лица, весникот наведува дека дијалогот ќе започне неделава, пренесе Ројтерс.

Американските официјални лица наведуваат дека засега не е сигурно кој дипломатски канал, администрацијата на Обама ќе го искористи.

Според наводите на весникот, една од можностите е тоа да се одвива преку Виена, каде што истакнатите американски и ирански официјални лица треба да се сретнат и да разговараат за спорната нуклеарна програма на Техеран.

Стејт департментот објави дека заменикот на американскиот државен секретар Бил Бернс, ќе отпатува за Виена за да присуствува на разговорите.

Американскиот сенатор Линдзи Грејам изјави дека на Вашингтон е неопходно ангажирање на Иран за да се спречи колапсот на владата во Ирак и дека треба да започнат преговори со Техеран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.