Наскоро директен разговор меѓу Бајден и Кси – темите ќе бидат Тајван, Украина…

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега по должност Кси Џипинг би требало телефонски да разговараат во четврток, пишува агенцијата Reuters повикувајќи се на американски извор запознаен со планирањето на телефонскиот повик кој би требало да биде остварен во екот на новите тензии меѓу двете земји околу Тајван и војната во Украина.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, исто така, за новинарите потврдил дека американскиот и кинескиот челник планираат да разговараат и за управувањето со економската конкуренција меѓу двете најголеми светски економии.

Тоа би бил петтиот разговор меѓу двајцата претседатела, а ќе се одвива во заднината на засилените остри предупредување од Пекинг за администрацијата на Бајден за повторно најавената посета на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес и сопартијка на шефот на државата, Ненси Пелоси на Тајван. Кина островот го смета за своја одметната покраина, додека САД кои го вооружуваат и помагаат главно досега се воздржуваа од посети на свои високи функционери на непризнатата островска земја.

„Сѐ, од напнатоста во врска со Тајван до војната во Украина, како и прашањето како подобро да се управува со конкуренцијата меѓу нашите две земји, секако економската сфера… Овој повик е планиран веќе извесно време и веќе постои доста силна агенда за која двајцата челници може да разговараат“, рекол Кирби во врска со темите на телефонскиот разговор.

Според политиката „една Кина“, САД немаа официјални дипломатски односи со Тајван, но според американските закони Вашингтон е должен на островот да му обезбеди „средства за самоодбрана“.

Белата куќа итно повтори дека тој став не е променет, и покрај најавите за можното патување на Пелоси на Тајван. Криби изјави дека претседателката на Претставничкиот дом спаѓа во „сукцесиската линија на претседателството“, па затоа нејзиното патување во странство е прашање на националната безбедност. Но, додал, само таа може да носи одлуки за своето патување.

„Воинственоста во кинеската реторика околу можното патување само ги ескалира тензиите. Сметаме дека тоа не помага и сигурно не е ни најмалку потребно имајќи ја предвид ситуацијата“, истакнал Кирби.

Американската администрација дискутира за тоа дали ќе укине дел од царините на стоките од Кина, како начин да ја поттикне потклекнатата американска економија, но според Кирби, таа одлука не се очекува пред телефонскиот разговор.

Американскиот Конгрес го разгледува законот позната како „Акт за чиповите“ за да се обезбедат околу 52 милијарди долари субвенции за индустријата на полупроводниците во САД, како и даночен кредит за вложуваа во фабрики за чипови на 24 милијарди долари, што претседателот Бајден го опиша како клучен за економското натпреварување со Кина. Се очекува дека Сенатот за конечното усвојување ќе гласа следните денови, а Претставничкиот дом може да го следи тој пример подоцна оваа седмица.

Можната посета на Ненси Пелоси на Тајпеј е само едно во низата бројни спротиставености коишто ги оптоваруваат американскито-кинеските односи.

САД, коишто од една страна ја посакуваат барем неутралноста на Кина, во нивното ескалирано непријателство со Русија, го обвинија Пекинг за наводни „бројни провокации“ против американските пацифички сојузници кои тврдат дека исто така полагаа право над клучните поморски патишта во Јужнокинеското Море.