Наскоро договор со Костал, следната година ќе се гради фабриката

Во наредниот месец и половина треба да биде потпишан договор со германската компанија Костал. Според планираното, фабриката треба да почне да се гради во првиот квартал од наредната година. Кон крајот на мај или почетокот на јуни треба да биде завршена фабриката на ОДВ Електрик и таа да почне со работа. Во овие две фабрики директно ќе бидат вработени околу 2.000 луѓе.

За ова денес во рамки на седницата за пратенички прашања информира премиерот Никола Груевски.

Премиерот Груевски и додаде дека планот е започнатата фабрика на ОДВ Електрик ТИРЗ Охрид/Струга,да биде завршена крајот на мај почетокот на јуни.

Потоа сите сега вработени и оние кои ќе се вработат до тој период во ОДВ Електрик кои функционираат во постојната хала ќе се префрлат во новата фабрика и таму ќе продолжи вработувањето на другите луѓе. Планот е, како што знаете, да се вработат илјада лица во оваа фабрика и тоа се директни вработувања, рече Груевски одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието на Република Македонија.

Како што напомена во наредните месец до месец и половина следува потпишувањето на договорот со Костал кое што треба да се случи.

Веќе се утврдуваат датумите, има и прелиминарни датуми, но не би ги соопштил додека самата компанија тоа не го направи. Таа ја донесе одлуката за инвестирање во Македонија, ја објави одлуката во јавноста, веќе се подготвува за браунфилд работење и се подготвува веднаш по потпишувањето на договорот неколку месеци потоа да ја почне изградбата на нивната нова фабрика во ТИРЗ Охрид/Струга, рече Груевски.

Информира дека исто како и ОДВ Елекрик и Костал ќе вработи илјада луѓе, исто така, директни вработувања. Покрај тоа, рече, ќе има и дополнителен број индиректни вработувања во компаниите кои ќе бидат нивни соработници, партнери, добавувачи…

Тој посочи дека очекува дека градбата на гринфилд инвестицијата да се случи некаде во наредните месеци, помеѓу крајот на јануари и почетокот на мај, и оти компанијата точно ќе го соопшти датумот на почнувањето по потпишувањето на договорот.

Можам да кажам дека работите одат согласно планот со овие компании без некои сериозни доцнења или, пак, менување на плановите. Се работи за две германски компании во делот на производство на делови за автомобилската индустрија, одлично етаблирани на пазарот на делови за автомобилска индустрија кои ги снабдуваат најголемите брендови на автомобили во Европа и пошироко со делови коишто тие ги произведуваат и ќе ги произведуваат во ТИРЗ Охрид/Сруга, истакна премиерот Груевски.

Паралелно со ова, тој нагласи дека Владата инвестира и работи на дооформување на зоната во смисла на доизградба на потребаната инфраструктура и дека се планира паралелно со завршување на изградбата на фабриката ОДВ Електрик во целост да биде завршена и изградбата на Технолошко – индустриско развојната зона.

Ние работиме и на други компании за овој регион каде што се Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца и поширокиот регион од ова, така што во добри понапредни преговори сме и со други компании. Во овој момент не можеме ниту да соопштиме ниту едно име, ниту пак да ветиме, но работиме со сите сили, работиме со целиот расположлив капацитет да ги убедиме да дојдат и да инвестираат во Република Македонија, истакна Груески.

Со ист интензитет, додаде тој, работиме и на привлекување инвеститори и за состанатите делови од Македонија.