Наскоро ќе се вози по реконструираниот регионален пат Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“

26

Во наредните денови по техничкиот прием ќе биде пуштен во употреба реконструираниот регионален пат Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“. Реконструкцијата на овој пат е во должина од 5,5 километри, а според премиерот Зоран Заев, граѓаните од Битола и регионот сега имаат лесна врска со рекреативните локации под Пелистер, како и со ски центарот „Стрежево“.

Реконструкцијата на патот чини 36 милиони денари од буџетот на државата, а ширината на патот сега изнесува 6 метри според сите стандарди за оваа категорија патишта.

-Ова е особено важно и за развојот на зимскиот туризам дополнително и заради фактот што Јавното претпријатие „Стрежево“ одговара на барањата на љубителите на зимските спортови овозможи и ноќно скијање на своите терени, истакна Заев, кој денеска беше на увидот на реконструираниот регионален пат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.