Наскоро ќе заврши истрагата за убиството на шведскиот премиер Палме

Повеќе од триесет години од убиството на шведскиот премиер Улоф Палме пред затворањето е истрагата којашто беше блокирана и покрај многуте индиции кои се истражуваат од 1986 година, објавија во средата шведските власти.

Државното обвинителство ќе „подигне обвинение или ќе ја затвори истрагата“, изјави за агенцијата AFP, Кристер Петерсон, главен државен обвинител задолжен за овој случај.

Харизматичниот социјалдемократски премиер Улоф Палме ладнокрвно беше убиен со истрели од огнено оружје на тротоар во центрот на Стокхолм на 28-ми февруари 1986 година, во 59-та година од животот, додека пешки се враќал од кино со сопругата, без обезбедувње.

Неговиот убиец успеал да побегне, однесувајќи го со себе оружјето со кое е извршено злосторството коешто никогаше не е поронајдено.

По повод на 30-годишнината од атентатот, сегашниот премиер Стефан Лоефвен зборуваше за „раната којашто уште крвари“. Предметот до денес остана нерасветлен.

Илјадници лица се сослушани, десетици ја преземаа одговорноста за овој чин, а фасциклите на полиците се во должина од 250 метри.

Смртта на првоосомничениот би можела да биде причина за откажување од истрагата, изјави Петерсон кој го води овој случај од 2017 година, бидејќи според шведскиот закон поротив покојник не може да се подигне обвинение.

Кристер Петерсон, чиешто име се изговорува исто како и името на главниот државен обвинител, е личноста којашто ја препознала сопругата на Палме и е прогласен виновен во јули 1989 година, но по неколку месеци е пуштен условно поради недостиг од докази. Неговиот исказ бил проблематичен поради околностите одбележани со неправилности во кои бил земен.

Овој зависник од алкохол и наркотици, веќе претходно осуден за убиство, кој своевремено се фалеше со убиството на премиерот по што се повлече, почина ненадејно во 2004 година носејќи ја својата тајна со себе во гробот.