Наскоро експлозија на ѕвезда која ќе ја разниша Земјата

45

Земјата наскоро би можела да добие уште едно Сонце, барем недела или две. Една од најблескавите ѕвезди на нашето небо ќе стане супернова, а експлозијата може да се случи уште оваа година, пишува “Дејли мејл”.
Астрофизичарите велат дека црвениот џин Betelgeuse, во соѕвездието Orion, деветта најсветлата ѕвезда на нашето небо, кој се наоѓа 640 светлосни години од Земјата, ја губи својата маса, што е знак на гравитациски колапс, пренесува “Тime”.
Бред Картер, физичар на Универзитетот во Јужен Квинсленд, објасни дека ѕвездата забрзано го троши горивото на своето јадро.
“Ова гориво прави Betelgeuse да сјае и го одржува. Но, кога ќе остане без него, ѕвездата буквално ќе пропадне, а тоа ќе го направи многу брзо”, вели Картер.

Експлозијата што ќе се случи ќе биде десетици милиони пати посветла од Сонцето, што значи 24 часа светлина на Земјата. Во текот на две недели ќе изгледа како да имаме две сонца.
“Ќе пукне, ќе експлодира, сè ќе осветли”, објаснува Картер. “Ќе видиме неверојатна светлина краток временски период, две недели, а потоа во наредните месеци оваа светлина ќе почне да бледнее и, на крајот, ќе биде многу тешко воошто нешто да се види.”
Експлозијата ќе се случи, но прашањето е кога. Може пред крајот на 2019 година, но и во текот на следните милион години, вели Картер.
Експертите, сепак, тврдат дека експлозија на ѕвездата ќе се случи предалеку од Земјата за да ни наштети.
“Кога ќе експлодира, првото нешто што ќе здогледаме е дождот на мали честички наречени неутрини”, објаснува Картер. “Тие ќе паднат на Земјата, иако суперновата што ја гледаме визуелно ќе го осветли ноќното небо, и 99% од енергијата на оваа експлодирачка ѕвезда ќе биде пуштена по овие честички кои ќе влезат во нашите тела и на Земјата, но, мора да се истакне, без било какви штетни последици”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.