„Наследство“ доби Еми за најдобра драмска серија

Серијата „Наследство“ на каналот HBO ја доби престижната награда Еми за најдобра драмска серија, а на 74-то свечено доделување на најпознатите телевизиски признанија, серијата „Бел лотос“ е прогласена за најдобра мини-серија, а „Тед Ласо“ за најдобра комична серија.

Серијата „Наследство“, со Брајан Кокс кој го толкува ликот на патријархот на семејството кое се бори за контрола над медиумската династија, беше фаворите и за главната награда. Во конкуренција за најдобра драма беа и сериите „Игра на лигата“, „Повикај го Соул“ и „Еуфорија“.

Серијата „Белиот лотос“ чиешто дејствие се одвива околу богатите гости и вработените во луксузно одморалиште кои ги служат, ја доби наградата за најдобра мини-серија.

Серијата „Тед Ласо“ ја доби наградата за најдобра комедија втора година со ред, а нејзините главни ѕвезди Џејсон Судеикис и Бред Голдстејн по вторпат се прогласени за најдобар актер во комедија и најдобар спореден актер.

Јужнокорејскиот актер Ли Џунг-џае е ново лица не листата наградени, а доби Еми за најдобар драмски актер за улогата во глобално популарната серија „Игра со лигни“ (Squid Game). Со тоа стана првиот јужнокорејски актер кој ја доби оваа престижна награда а да станува збор за улога во серија којашто не е на англиски јазик.

И Хванг Донг-хјук, кој ја продуцираше, напиша и режираше споменатата серија, глобална сензација за преживувањето, е награден со Еми за најдобар режисер на драмска серија.

Наградата за најдобра актерка во комедија ја доби Џен Смарт за улогата во серијата „Комичари“, а Зендаја е прогласена за најдобра драмска актерка за улогата во серијата „Еуфорија“.