Насри: Јаја ќе вредеше 50 мил. фунти ако беше Бразилец или Аргентинец

Францускиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Самир Насри, е убеден дека неговиот тимски колега, Јаја Туре би вредел најмалку 50 мил. фунти доколку игра за репрезентацијата на Бразил или на Аргентина.

„Ако не беше репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска и ако не беше Афирканец, Јаја веќе ќе беше крунисан во најдобар играч за врска во целиот свет. Се може да направи, може да постигне погодок, може да игра во дефанзивната линија, може да го нападне противничкиот гол, игра со двете нозе. Најмоќен е кога топката е во неговите нозе. Може малку сум пристрасен во оваа изјава, Јаја ми е најдобар пријател, но сигурно е еден од најдобрите три фудбалери за врска на денешницата. Ако беше Аргентинец или Бразилец, сите ќе зборуваа за него, а сигурно ќе беше проценет на најмалку 40-50 мил. фунти,” изјави Насри.