Наставата во Кочани и во Свети Николе почнувс во вторник

Наставата во петте основни училишта заедно со подрачните и двете средни училишта во општина Кочани во вторник редовно ќе започне.

Училиштата се снабдени со нафта и други горива за успешно одвивање на зимската грејна сезона, а во меѓувреме се подмирени и обврските за останатите комунални услуги и превоз на учениците.

Ова е заклучокот од средбата на градоначаникот на Кочани Ратко Димитровски со директорите на училиштата и детската градинка „Павлина Велјанова“.

– На средбата со директорите беше истакнато дека се создадени услови за нормален почеток на наставата од второто полугодие. Најавениот штрајк на СОНК во кочанските основни и средни училишта за вработените наставници и професори е неприфатлив. Во излагањата директорите беа едногласни дека штрајк во образованието не е потребен во овој момент и дека вработените од образованието не го прифаќаат, изјави градоначалникот Димитровски.

Наставата во Кочани се следи во пет основни и седум подрачни училишта, како и во две средни училишта во градот и населените места.

Во вторник нема да има штрајк и во трите основни училишта „Гоце Делчев“, „Кирил и Методиј“ и „Даме Груев“, градинката „Рахилка Гонева“ и средното општинско училиште „Кочо Рацин“ во општина Свети Николе, информираше градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев.

kampanja.gif-500

– По остварените разговори со директорите на основните и средното училиште и детската градинка, заеднички е утврден ставот дека училиштата од нашата општина се подготвени за второто полугодие и поради заеднички интересен и на децата и на наставниците наставата ќе се одвива редовно, вели Тасев.

Од страна на образовните институции на општина Свети Николе и од ниту една друга институција, додава тој, нема најава за организирање и поддржување на штрајкот.