Наставничка од „Владо Тасевски“ во Скопје позитивна на ковид-19, учениците не се во изолација

Наставничка од основното училиште „Владо Тасевски“ од општина Карпош е позитивна на коронавирусот, потврдија од Општината.

Станува збор за наставничка по англиски јазик во второ одделение.

Од Општината истакнале дека основните училишта, кои се под ингеренција на општина Карпош, максимално ги следат протоколите и мерките за заштита од пандемијата со ковид-19.