Наставничка заразена со Ковид-19 повлече во изолација 6 наставници и 15 ученици

92

Наставничка во росоманското село Сирково позитивна на Ковид-19 во изолација однесе шест колеги, 15 ученици и две други лица од персоналот, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Во изминатите 24 часа потврдени се 31 нов случај на коронавирус во Кавадарци и 8 во Неготино. Најстариот заболен е на возраст од 79 години, а две лица се хоспитализирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.