Наставниците и професорите не зеле јулска плата

Независниот синдикат за образование денеска на прес-конференција се пожали дека доцнат платите во образовниот сектор.

– „Денеска е 18 август, а вработените во образованието сѐ уште немаат земено плата. Во понеделник е 20 август и прашање е дали на тој датум ќе ја добиеме платата. Во законот за работен однос јасно и недвосмилено стои дека крајниот рок за исплаќање на плата е најдоцна до петнаесетти во месецот, но за жал законската регулатива не е доследно испочитувана во образованието“, изјави претседателот на Синдикатот, Томислав Гиевски.

Независниот синдикат бара од Министерството за образование и наука и општините да одговорат зошто се деградираат работниците во образовниот сектор.

– „Непристојно е за земја која има претензии да стане членка на Европската Унија, работниците да молат да ја добијат нивната чесно заработена плата“, додаде Гиевски.