Наставник удрил ученик во Желино

Наставник удрил ученик во Основното училиште „Луиѓ Гуракуќи“, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 11 часот. Тогаш, како што пријавил Б.И.(38),неговиот петнаесетгодишен внук бил удрен со рака на часот по Историја.

Стрикото на ученикот рекол дека наставникот без причина го удрил ученикот по задниот дел од главата, од што малолетникот удрил во клупата и му се скршил еден од предните заби.

Нешто подоцна, повредениот малолетник се обратил за лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа го пријавил случајот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.