Наташа Салопек: „Сакам да верувам дека Томислав е жив, ќе се надевам до крај“

Наташа Салопек: „Сакам да верувам дека Томислав е жив, ќе се надевам до крај“
Наташа Салопек: „Сакам да верувам дека Томислав е жив, ќе се надевам до крај“

Сакам да верувам дека мојот Томслав е жив, на тоа ќе се надевам до крај, рекла за АФП, сопругата на Томслав, Наташа.

Златко Салопек, таткото на Томислав изјавил дека неговио син секогаш бил смирен, бил одличен работник и дека секогаш бил горд на својата Хрватска. Секој би посакал да има таков син, рекол таткото на Томислав за АФП.

Томислав Салопек е киднапиран на 22 јули во Египет, на пат кон работа. Го киднапираа припадници наИСИЛ кои се заканија дека ќе го убијат доколку египетската влада не ги ослободи од затвор нивните жени.
ИСИЛ вчера објави дека го убиле Томислав.

Милановиќ: За жал, Салопек најверојатно е егзекутиран

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави денеска дека не може стопроцентно да ја потврди егзекуцијата на хрватскиот државјанин Томислав Салопек, но како што рече од досега видените и утврдени факти, тоа за жал навистина се случило, пренесе МИА.

Милановиќ на вонредната прес-конференција рече дека Хрватска нема да престане, заедно со претставници на надлежните служби на другите држави, да трага по Салопек, се додека не се изгуби и последната надеж.

Се плашам дека, иако не можам стропроцентно да потврдам, дека по првпат на хрватски државјанин му се случи она што за жал им се случуваше и на други граѓани, рече Милановиќ.

Живееме во слободен свет во кој се случуваат непредвидени ситуации, додаде тој.

Хрватска нема да учествува во борбени акции против т.н. Исламска држава, рече хрватскиот премиер и потврди дека уште денеска е направен обид да се потврди автентичноста на фотографиите од погубувањето.

Салопек на 22 јули во Египет го киднапираа радикални исламисти.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: ИСИС го погуби Салопек

Исламската држава го егзекутирала хрватскиот државјанин Томислав Салопек, пишува Точка.

Рокот кој џихадистите на Исламската држава од провинцијата Синај го поставија за исполнување на нивните барања истече минатиот петок, па кај хрватската Влада се јави надеж дека сепак може да биде постигнат некаков договор и хрватскиот државјанин да биде извлече од рацете на ИСИЛ.

salopek

Томислав Салопек од Хрватска, татко на две деца беше киднапиран на 22-ри јули во близина на Каиро додека со службениот автомобил патувал на работа во француската компанија “CGG”. Неговиот автомобил го сопрела вооружена група која го одвела на непознато место.

Пред една седмица беше објавена снимка на која Томислав пред камера ги кажува своите лични податоци и објаснува дека Исламската држава е подготвена да го размени за „муслимани кои што се заробени во египетските затвори“.

Сепак, и покрај напорите на хрватската дипломатија, како и подготвеноста на египетските власти да платат за откуп на Хрватот, сепак киднапирањето на Томислав Салопек за жал заврши трагично.

На Твитер каде што коментираат и дел од џихадистите пишува дека „Салопек е убиен поради учеството на Хрватска во борбата против ИСИЛ откако истекол рокот од 48 часа кој го добила египетската Влада за да ги ослободи затворениците“.

 

Прочитајте повеќе:

Таткото на Хрватот киднапиран од ИСИС: Син ми само заработуваше леб за своите деца