НАТО ја повика Турција да ги смири тензиите во Нагорно Карабах

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика во понеделникот Турција, главниот сојузник на Азербејџан, да го „искористи своето влијание за да ги смири тензиите“ во Нагорно Карабах, каде што се разгоре судир во кој учествува азербејџанската армија и силите на самопрогласена ерменска република на јужен Кавказ.

„Очекувам дека Турција ќе го искористи своето влијание за да ги смири тензиите“, истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер на прес-конференцијата во Анкарра одржана заедно со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Сите страни мора веднаш да ги прекинат борбите и да се свртат кон мирно решение“, додаде Столтенберг.

Чавушоглу, чијашто земја тврди дека ерменското мнозинство во областа Нагорно Карабах кое е поддржано од Ерменија мора да ја прекине „окупацијата“ на азербејџанската територија од која прогласи независност пред четири децении. Оцени и дека и НАТО треба „да ја повика Ерменија на повлекување“ од енклавата и на почитување на „територијалната целост на Азербејџан“.

Покрај тоа ја обвини Ерменија за „воени злосторства“ кои наводно ги сторила во напади на цивилни области.

Овие изјави од Анкара доаѓата откако Ерменија обвини дека турските воени сили и офицери се ангажирани во воените дејствија во Нагорно Карабах на страна на Азербејџан, како и дека од Сирија во регионот префрлувала исламистички милитенти, за што извести и Франција, турскиот сојузник во НАТО.

Столтенберг и Чавушоглу во разговорот се осврнале и на тензиите меѓу Турција, од една страна, и Грција и Кипар, од друга страна, во врска со турското истражување на енергенси во источното Средоземје.

По покажување на сила и потпалувачки изјави во август, Анакара и Атина во септември се договорија за продолжување на „подготвителни преговори“. Грција и Турција во четвртокот во НАТО постигнаа договор за механизмот за спречување судири што се толкува како нивна подготвеноста да се смират тензиите.

„Не сакаме инциденти меѓу сојузниците (во НАТО)“, истакан во понеделникот Чавушоглу комтентирајќи го договорот.

„Искрено се надевам дека споровите (меѓу Турција и Грција) во иднина ќе се решаваат со преговори, во духот на солидарноста меѓу членовите на Алијансата“, рече, пак, Столтенберг кој во текот на вечерта треба да биде примен од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Во пресрет на посетата на Столтенберг, како знак на добра волја и смирување на ситуацијата, турскиот истражувачки брод „Yavuz“ во понеделникот ги напушто кипарските територијални води и се враќа во Турција.

Челниците на Европската унија во ептокот на самитет во Брисел ѝ испратија решителна порака заканувајќи ѝ се со санкции доколку не ги прекине дупчењата во кипарските територијални води кои ги сметаат за незаконски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.