НАТО денеска одлучува каде ќе биде инвестицискиот фонд на Алијансата

Во Амстердам би можел да се формира голем инвестициски фонд на НАТО за нови компании, а Алијансата денеска ќе одлучи каде ќе биде сместен, изјавиле добро упатени извори за холандскиот Finansiele dagblad.
Целта на фондот е да ги поттикне европските технолошки компании кои се фокусираа на напредна технологија која е погодна и за воени апликации, како што се вештачката интелигенција, биотехнологијата и квантните компјутери, како и енергетската технологија, пишува НЛ Тајмс.
Како што е наведено, фондот ќе добие една милијарда евра од земјите-членки на НАТО и може да биде голем поттик за холандскиот технолошки сектор.
На стартапите во овие области им треба многу средства за да го развијат својот производ, но честопати им е тешко да добијат приватно финансирање бидејќи инвестициските фондови ги сметаат за премногу ризични.
Холандската агенција за странски инвестиции (НФИА) минатата есен ја предложи Холандија како кандидатска локација.
НФИА е дел од Министерството за надворешни работи и е одговорна за носење странски компании во Холандија.
НФИА процени дека присуството на фондот на НАТО во Холандија може да има стимулирачки ефект врз националните стартапи, објави НЛ Тајмс.