НАТО ќе бара комуникациски канали кон Русија

REUTERS/Francois Lenoir

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави во средата дека Алијанската мора и натаму да одржува дијалог со Русија, откако Москва објави дека од ноември ја суспендира работата на својата дипломатска мисија во Брисел, откако им беа укинати акредитациите на осум нејзини службеници осомничени за шпионски активности.

Како што брифираат неименувани извори од Алијансата, тоа ќе значи потпирање на „жешката линија“ меѓу командантот на руската армија Валериј Герасимов и командантот на НАТО за Европа, Тодн Волтерс, како и состаноци на Јенс Столтенберг со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Русија, исто така, остави простер за дипломатијата преку својата амбасадата во Белгија, откако се суспендирани официјалните состаноци на Советот НАТО – Русија.

„Односите меѓу НАТО и Русија се сега на најниската точка од крајот на Студената војна. За нас тоа не е причина да нема дијалог“, рече Столтенбер на прес-конференцијата.

Во понеделникот Лавров објавид дека Русија ќе ја суспендира работата на својата постојана мисија во НАТО по одлуката на Алијансата да ги укине акредациите за осум вработени во дипломатската мисија во Брисел. Покрај тоа, ќе бидат сиспендирани и активностите на воената мисија за врски на НАТО во Москва, а акредитациите за нејзините службеници ќе бидат повлечени на 1-ви ноември. Исто така, ќе биде запрена и работата на Канцеларијата за информации на НАТО во Москва која е вопоставена во рамките на амбасадата на Белгија.

Алијансата претходно соопшти дека ги укинала акредитациите на осум службеници во руската постојана мисија во Брисел под обвинение наводно за разузнавачка дејност, и го преполови бројот на издадени акредитации надесет.

Притоа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, апелираше односите со Русија да се одржат, со цел да се избегне нова Студена војна. Последен пат релациите меѓу Русија и НАТО беа доста влошени во 2014 година по превратот во Киев со поддршка на главните земји во Алијасната, поради што доминантното руско население на црноморскиот полуосторв Крим со два референдума ја врати автномијата која во 1990-те му ја укина Украина и изгласа присоединување на Руската Федерација. што за Западот е нелегално руско анектирање на украинска територија.

Но според Лавров, одлуката на НАТО за укинување на акредитациите не ѝ била објаснета на Москва и оти „нема веќе да прави привид дека во блиска перспектива за можни какви и да се промени во меѓусебните односи“.