НАТО ќе помага во борбата против пандемијата на коронавирусот

НАТО се обврза да помогне во борбата против коронавирусот со воени авиони за евакуација на заболените и доставување помош, на првиот состанок во историјата одржан преку видео-врска.

Министерот за надворешни работи на земјите членки на НАТО го задолжија командантот на сојузничките војски во Европа, американскиот генерал Тод Волтерс, да ја координира потребната воена поддршка во борбата против коронавирусот, и да почне користењето на коридорите за брз прелет во европскиот воздушен простор за воените авиони кои пренесуваат медицинска опрема.

„НАТО е создаден за да се занимава со кризите. Ние можеме да помогнеме и нашиот Сојуз ја игра својата услуга“, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, по завршувањето на видое-конференцијата.

Кирзата со пандемијата на коронавирусот го оневозможи физичкиот состанок во седиштето на НАТО во Брисел и поради тоа е одржан првиот виртуелен министерски состанок во 70-годишната историја на Алијансата.

Воената команда на НАТО е задолжено да ги идентификува капацитетите и вишоците опрема за таа да може да биде испратена на земјите кои се најмногу погодени од кризата со коронавирусот, појасни Столтенберг.

„Сите земји се погодени, но не сите на ист начин и во исто време. Покрај тоа, некои членки имаат поголеми капацитети од другите“, рече Столтенберг на видео-конференцијата за новинарите.

Договорено е и одржување на вонреден состанок на министрите за одбрана на земјите членки во април кои ќе разговараат за поддршката која НАТО им ја дава на сојузниците. Алијансата истакнува дека уште сега ги координира и ги поддржува напорите на државите членки во борба против пандемијата преку логистичка, транспортна и медицинска помош.

„Им благодарам на дополнителните понуди за помош кои земјите членки денеска ги изнесоа, како и на големата поддршка којашто сојузниците веќе ја пружија“, истакна Столтенберг.

Главанта задача на НАТО и натаму претставува заштита на речиси милијарда луѓе кои живеат во земјите членки, како и дека способноста на Алијансата за водење на операциите не се загрозени, додаде генералниот секретар.

На виртуелниот состанок се разговарало и за мисиите на НАТО во Ирак и Авганистан, како и за поддршката на Грузија и Украина на границите на Русија.

Во заедничката изјава која министрите ја усогласија на состаникот се велид ека „и покрај тоа што прави максимум на сузбивањето на кризата, НАТО останува активен, насочен и подготвен за својата основна задача: колективна одбрана, управување со кризите и безбедносна соработка“.

„Нашата способност за водење операции, одвраќање и одбрана од сите закани со кои се сооучивме е недвојбена. И денеска донесовме натамошни одлуки за унапредување на улогата на НАТО во соочувањето со моменталните и идните безбедносни предизвици“, се додава во изјавата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.