НАТО ги подготвува најголемите вежби од Студената војна со 45.000 војници

НАТО ги подготвува „најголемите воени вежби со години наназад“ коишто во Норвешка подоцна во октомври ќе учествуваат 45.000 војници, објави во вторникот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Вежбите ќе бидат темелени на „фиктивно, но реалистични“ сценарио и ќе симулираат колективен одговор на НАТО на напад врз една од земјите сојузнички, додаде Столтенберг.

Станува збор за најголемите воени вежби на Алијансата од крајот на идеолошката Студена војна. Освен војниците од 29-те држави членки и партнерските земји норвешки соседи Шведска и Финска, во вежбата „Trident Juncture“ ќе учествуваат 150 авиони, 60 бродови и 10.000 возила, изјави Столтенберг за новинарите.

Вежбата е најавена во време на тензичните односи на Западот со Русија по многу глобални и регионални стратешки прашања. Но, „Тридент“, маневрите кои ќе се одржуваат на северот од Норвшка и ќе траат од 25-ти октомври од 7-ми ноември, не се вперени против ниедна земја, истакнуваат од НАТО.

„Вежбите имаат одбранбен карактер“, истакна Столтенберг, додавајќи дека на нив се повикани и руски воени набљудувачи.

Русија во август изведе масовна воена вежба на истокот од земјата во којашто учествуваа околу 300.000 војници од речиси сите родови на армијата.