НАТО ги започна најголемите вежби по Студената војна

Војници од земјите членки на НАТО и земјите партнери ги започнаа во четвртокот најголемите воени вежби на овој сојуз последните децении, на просторот од Балтичкото Море до Исланд во близина на границата со Русија, којашто исто така минатиот месец одржа масовни маневри.

Температурите паднаа под нулата на полигоните во централна Норвешка каде што се подготвени 50.000 војници, 250 летала и 10.000 тенкови, камиони и други копнени возила. Во вежбите учествуваат воени контигентни од сите 29 земји членки на НАТО, како и земјите партнери Шведска и Финска.

„Силите се на позициите, интегрирани и започнуваат вежби за јакнење на борбената подготвеност за најголемите борбени операции коишто ќе траат следните две седмици“, изјави за Reuters полковникот Ејстејн Кварвинг во норвешкиот здружен генералштаб.

Вежбата под наслов „Тrident Juncture“ е најголемата којашто се одржала во Норвешка од раните 1980-те години, и се оценува дека Алијансата со неа да ја зајакне одбраната по годините кастрење на трошоците.

Според аналитичарите, вежбите ќе претставуваат тест за плановите на НАТО откако црноморскиот полуостров Крим по референдумот се присоедини на Руската Федерација по превратот во Украина и конфликтот со рускојазичните и доминатно руски југоисточни региони во оваа земја, што доведе до заострување на односите меѓу Алијансата и Русија којашто го обвинува Западот за нарушување на договорот и опасно приближување кон нејзините граници. Источните членки на западната воеана алијанса, како што се Полска и балтичките земји наводно се чувствуваат особено загрозени од Русија. Норвешка, пак, бараше да се удвои бројот на американските маринци, коишто се увежбуваат на нејзината територија секоја година, што наиде на критики од Москва, за нарушување на добрососедските односи.

Русија во септември ги одржа своите најголеми маневри од 1981 година, под називот „Исток 2018“, но на сосема спротивниот крај од нејзините европски граници каде што соседи ѝ се некои земји членки на НАТО. Во овие маневри во близина на кинеската граница учествуваа 300.000 руски војници, а беа вклучени и војските на Кина и на Монголија.

Во НАТО стравуваат дека јакнењето на руската армија во регионот може во крајна линија да ги ограничи слободните пловидби на мораниричките сили на Алијансата, па на 19-ти октомври носачот на авиони „Труман“ беше првиот американски брод од овој тип кој вплови во Арктичкиот круг од распаѓањето на Советскиот сојуз во 1991 година.

Иако повеќето Норвежани го поддржуваат членството во НАТО, на чиешто чело сега е поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг, партиите од левицата заговараат повлекување и предлгатаат Норвешка да склопи одредени воени договори со нордиските земји.

Воените вежби „само ќе ја зголемат тензијата меѓу Норвешка и Русија“, изјави пратеникот од редовите на социјалистите Торгеир Кнаг Фулкеснес за Reuters. Особено загрижува, според неговата оцена, присутноста на носач на авиони и предупредува дека „Мора навистина да бидете воинствени за да поверувате дека такво нешто може да донесе мир“.

Зборувајќи на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки претходно месецов, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а дека вежбите се „сразмерни“ на постојното сложено безбедносно опкружување на Алијансата. Сојузот, сепак, нагласува дека вежбата Trident Juncture не е насочена против ниедна земја, како и дека е одговор на измислено но реално сценарио.

„Тоа се, како што Русија добро знае, одбранбени вежби. Да се сместуваат во каков и да е вид офанзивен или дестабилизирачки контекст, би претставувало погрешна интерпретација. Планирано е вежбите да бидат одраз на нашето заедништво во одржувањето на мирот и напредокот тука во Европа, и не ни е потребно повеќе ничие лошо однесување“, изјави американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис.

„Русите не треба да се плашат“ коментираше генералот Руне Јакобсен, началник на норвешкиот генралштаб. Централната област на одржување на вежбите е оддалечена повеќе од илјада километри од руската граница, додава.