НАТО го потврди инцидентот на своите мрежни страници

Северноатлантскиот сојуз во неделата доцна ноќта потврди дека кибернетички инцидент влијаел врз функционирањето на неговите мрежни страници.

„Кибернетичките експерти на НАТО активно работат на инцидентот кој влијаел врз некои мрежни страници на НАТО. НАТО со кибернетичките инциденти се справува редовно и таквите безбедносни закани ги сфаќа многу сериозно“, изјавил претставник на Алијансата за Германската новинска агенција DPA.

Повод за оваа изјава биле објавите на социјалните мрежи во коишто беше наведено дека наводно проруски хакери ја нападнале страницата на Штабот за посебни операции (NSHQ) на НАТО, којашто привремено била недостапна Killnet. Оваа грипа беше поврзува и со некои други неодамнешни напади во кои цели беа мрежните страници на германскиот Бундестаг и на полицијата, но не беа приложени докази за таквите тврдења.

Од НАТО не објавија дополнителни поединости за споменатиот кибернетички напад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.