НАТО го става во функција планот за одбрана на Полска и Балтикот

НАТО имплементира план за одбрана на Полска и балтичките држави откако Турција ги отфрли своите забелешки, соопштија литвански, полски и француски власти.

Турското Министерство одби да ги коментира тие тврдења.

Планот за Полска, Литванија и Естонија, детали што се класифицирани, беше изготвен на барање на тие држави, откако Русија го анектираше Крим во 2014 година.

Планот беше одобрен во декември на самитот на НАТО во Лондон. Сепак, Турција се спротивстави на спроведувањето на планот се додека НАТО не ја назначи Курдската милиција YPG која контролира дел од северна Сирија, како терористи.

„Турците ги отфрлија своите забелешки“, изјави синоќа претставник на француското Министерството за одбрана.

Дипломат на НАТО рече дека Анкара се откажала, по притисокот од останатите 29 членови на крајот на месецот.