НАТО на хартија, за ЕУ сме „шупелки“

Однапред се извинувам на одредени изрази, ама емоциите си го прават своето.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА.

Крај на колумната

Навистина уште не ми е јасно „Дали Бугарските политичари се природно глупи или пак вежбаат пред огледало?“. Со сета сила ја бркаат Македонија во прегратките на Александар Вучиќ и Еди Рама. Слушнале некогаш дека во Македонија има Бугари кои разбираат политика? Или уште се возбудуваат на ситни ПР стратези и као демек аналитичари, политичари и новинари кои се претставуваат како природни Бугари.

Морам нешто да признаам. Кога јас се дружев со оригиналните Бугари во Македонија на тивок начин одредени денес т.н. пробугари за европска Македонија пробуваа да ме линчуваат. Секогаш ми велеа дека сум требал да внимавам со кого се дружам.

Одеа до таму и да ми сугерираат дека е глупаво да се дружам со Зоран Димитровски-Жоро, наводно бил со сомнително национално чувство (инаку Македонец и Влав со потекло од селата во близина на Дебар, а географски во Р. Албанија). И не само со него. Туку и со Дејан Николовски-Жуљ, главен уредник на овој медиум, зошто станал дописник за еден од највлијателните медиуми од Бугарија. Замислете истите тие повикуваат на протести пред Владата. Ќе ја бранеле за нив нашата земја, за мене Република Македонија. Па, и сега продолжија. Веднаш тргнаа да ги омаловажат првите членови на македонско-бугарското пријателство Столе Наумов-Канал 77 и Маријан Николовски-Сител, се’ додека не влезе Борјан Јовановски. Он бил ЕУ, а овие не разбирале.

Е сега во стилот на Бени Шакири и Воислав Шешељ.

Мој Мој преку Мој и Можете само да нам попушите к***ц (мада немате шанси кај нас нормалните). И да поједете сва г***а која сте изасрали.

Па, и на Претседателот на Македонија му пукна филмот. Му вели на премиерот да не оди во Брисел, а овој као демек идам да му мафтам со прст на премиерот на Бугарија. Па, другарите на Борјан Јовановски го претставија како херој.

Димитар Ковачевски ако имаше тронка храброст тогаш мораше да им ја прочита на политичарите од Бугарија оваа компилација на новиот дует Бени и Шешељ. Бидејки не направи храбар потег, туку политичка фора и затоа дефинитивно е мучук (овој израз е користен за Срѓан Керим од страна на фамилијата на Лазар Мојсов, дипломатски превод: тотално неспособен инаку, оригинално: расипано јајце од живина)

Се извинувам уште еднаш за емотивниот испад. Имам уште што многу да напишам, ама да задржиме достоинство.

Патем нормалните Бугари од Македонија секогаш велат дека односите помеѓу Македонија и Бугарија мора да се градат на следниов фундамент, основа: Економија, Економија и Економија.

За жал ниту Нивните, ниту нашите политичари не разбираат што значи да се направат инфраструктурни проекти кои би биле на трасата Варна-Скопје-Драч што би значело дека нема да имаме зависност од екстремно скапи проекти како што е Александропулос. За оние што немаат информации Александрополус е на самата граница со Туркије (Турција). А, не во близина на Солун.

Ееееее. Ама тука е Претседателот на Србија. Дали вади одлуки за помош на Македонија од фрижидер или од рерна, за граѓаните на оваа мила земја не е важно. Замислете да после вакцини, храна, признавање на црква, Отворен Балкан, да издејствува оваа година на 02 Август во Прохор Пчински се одржи церемонија за државотворноста на Македонија.

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА.

Но, и за крај повторно да се сконцетрираме на Македонија како држава и нејзините приоритети. Освен нашата комплетна неспособност по однос на НАТО, поточно нашиот поданичко-робовски пристап кон горливи прашања, имаме и голем проблем со Европската Унија и нашето незнаење и неразбирање што е вечен интерес за Македонија.

Прво. Наместо другарката Министер за Одбрана да се слика со два авиона на САД и кажува како ќе праќаме војска во Украина, може тајно заедно со нејзините колеги да започне преговори со НАТО и ЕУ за вдомување на 350.000 Укрански државјани. Со цел да станат граѓани на Македонија. Ама од дрво нозе не се прават. Кога ова ќе го прочитаат ќе мислат дека сум ненормален, бидејќи немаат природа за интелегентно размислување и расудување . За нивна и наша жал ЕУ сака да украде 5 милиони Украинци во нивните држави.

Второ. Се перчиме дека сме спремни за преговори со ЕУ. Да Ве информирам драги читатели дека ќе платиме 400 мил евра штета за рудникот Казандол во Валандово и дека сме на добар пат да платиме 5 милијарди евра за рудникот Иловица во Ново Село во близина на Струмица. На почетокот на колумнава објаснив колку пари ќе заработиме од нив, односно колку губиме од неспособна Власт која се потпира на лажни екологисти.

Затоа нашите драги новопечени патриоти ова за нив да биде последна опомена. Датум за преговори со ЕУ не добивме од нашиот НАТО сојузник. Нема потреба од дополнително филозофирање.

П.С. Лично до амбасадата на Република Бугарија во Македонија. запамтете ако не сакате да Ве мразиме започнете да покажувате љубов кон нас. Беплатни часови дава Александар Вучиќ, а богами и Еди Рама.

 Почеток на колумната

Оваа колумна мора да ја започнеме со еден и единствен заклучок: има држави во кои живее глупав народ, ама бираат паметни политичари кои им ги знаат потребите на своите сограѓани и им ги исполнуваат. И имаш држава како нас. Тука живее паметен народ, ама бираме претежно глупави политичари саможивници, кои ги знаат потребите на сограѓаните, ама во нивната глава се врти само една работа: Нека умрат. Со чест на исклучоци.

Зошто е тоа така? Еве едно кратко објаснување за Нашиот влез во Нато и преговорите со ЕУ.

Наместо сигурност ние добивме омаловажување. И тоа не од најсилните, САД, Франција, Велика Британија, Турција,Италија, туку од домашни финансиски квинслизи. Значи од 2017 година сите граѓани на Макеоднија се под континуирани напади со лаги врз нивната интелегенција. Најпосебна е: Приказната е поголема, немаш информации и не ги разбираш до крај работиве. Ајде бееее.

Со влезот во НАТО веднаш ќе влезе 1 милијарда евра во стопанството и ќе можеме да се јавуваме на нивните тендери за снабдување на нивните воени логистички потреби, претежно текстил, санитет и храна, можеби, ама можеби и нешто ситно телекомуникациски услуги.

Слушнавте некој да добил тендер. Нормално не. За нивни тендери да добиваш треба да имаш минимум 100 милиони евра во џебот. А тие што до сега работеле со војски од Нато и денес работат. Не им требаше членство.

Заклучок: НАТО не е криво што ние сме неспособни.

Со почетокот на преговорите со ЕУ сите има да бидеме „пуни ко брод“ со пари. Наместо да се трудат да носат пари тие се трудат да треба граѓаните на оваа држава да плаќаат пари. Како ги бркаат инвестициите во рудниците кои можат да донесат брдо пари? Еве да пробам да Ви објаснам. Ангажираат лажни еколошки друштва кои немаат никакви финансиски активности, а имаат маички, пари трошат на протести итн. Ама на сметка помалце од 5.000 денари. Главни активисти се глумци, новинари, археолози и замисли сопственик на градежна фирма. Мајката на активист од Иловица, археологшто аплицирала за работа и била одбиена, а била  Директор на комуналното претпријатие кое треба да ја чисти општината.

Инаку, само Иловица има можност да направи зголемување на БДП за 3% на годишно ниво, просечна вредност на извоз од 180 милиони евра, со што ќе го зголеми извозот за 4%, а во исто време да го намали трговскиот дефицит за 10%.

Па, од каде пари бе за плати во администрација? Од патлиџаните кои и тие ги увезуваме од Грција и Турција, па вредат во април и мај по 180 денари килограм.

И наместо да се сконцентрираме на економија и да смислуваме како повеќе да заработуваме, тука се другарите на оваа Власт, лепотаните од истокот. Бугарите.

Што мислам за нив? Врати се на почетокот.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес