НАТО на самитот во Лондон одбележува 70 години во атмосфера на разногласија

Челниците на 29-те земји членки на НАТО ќе се соберат во вторник и среда на состанокот на врвот во Лондон, каде што ќе се одбележи 70-годишнината од основањето на Северноатлатнскиот воен сојуз.

Во вторникот вечер шефовите на делегациите ќе бидат примени од британската кралица Елизабета Втора во Бакингемскиот дворец, а потоа ќе ги прими и домаќинот на јубилејниот собир, британскиот премиер Борис Џонсон. Работниот состанок на челниците на членките на НАТО ќе се одржи во среда и би требало да трае три часа. Една од главните теми на состанокот повторно ќе биде дискусијата за поправедна распределба на трошоците за одбраната.

Челниците на НАТО на самитот во Велс во 2014 година зацртаа цел следните десет години, значи до 2024 година, да ги зголемат издвојувањата за одбраната на најмалку 2 отсто од БДП-то, како и 20 отсто од одбранбените трошоци да бидат наменети за опремување и модернизација. Во моментов од 29-те членки, оваа цел за издвојување на 2 или повеќе отсто до БДП-то за одбраната ја исполнуваат САД, Велика Британија, Грција, Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Романија. Пред три години само три членки, првите три од споменатите, ја исполнуваа оваа цел.

 

Нова формула за распределба на расходите

Почнувајќи од следната 2021 година Германија ќе уплаќа придонес во вкупниот буџет на НАТО на ниво на САД, а за измените во распределбата на товарот се договориле 29-те членки на Алијансата. Според договорот постигнат десетина дена пред самитот, од 2021 година уделот на САД во вкупните трошоци ќе се намали од 22,1 на 16,35 отсто, додека партиципацијата на Германија ќе се зголеми на 16,35 од сегашните 14,8 проценти.

Средставата од заедничкиот буџет одат, меѓу другото и за одржувањето на седиштето во Брисел и за командните места на Алијансата. Дел од средствата, пак, се обезбедуват за инвестиции во развојот на заедничката инфраструктура на блокот.

Истовремено со оваа информација, американските медиуми објавија дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да го намали износот на уплати во буџетот на Северноатлантската алијанса. До неодамна околу 22 отсто од буџетот на Алијансата го обезбедуваше Вашингтон, а според договорот и желбите на администрацијата на Трамп таа бројка ќе се намали на околу 16 отсто.

Според најавите САД овие заштеди ќе ги насочат на финасирање на голем број безбедносни проекти во Европа. Меѓу нив се програмите за поддршка на Украина и Грузија. Другите членки на НАТО, наводно, изразиле подготвеноста да го надоместат дефицитот кој ќе се јави по намалувањето на срествата кои ги осигуруваат САД.

Се смета дека станува збор за смиболичен потег на Вашингтон, бидејќи буџетот на НАТО, кој изнесива 2,5 милијарди долари не ги одразува сите воени расходи на државите членки. Од овој буџет, посебно се издвојуваат средства за сервисирањето на седиштетот на Алијансата, за извршување одредени операции, во форма на заеднички инвестиции во одбанбениот сектор, како и за други потреби. Според претставниците на НАТО, земјите членки „се согласиле на новата формула за споделување на расходите“. Според новите правила, придонесот во буџетот на Алијансата од страна на европските земји и Канада ќе биде зголемен, а ќе биде намален уделот на САД.

Трамп во неколку наврати ги критикуваше земјите на НАТО затоа што, според него, не трошеле доволно пари за поддршка на колективната одбрана на Алијансата. Шефот на Белата куќа бараше од сите земји членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 2 отсто од БДП што е можно поскоро. За време на говорот на самитот на Алијансата минатата година, тој предложи таквите земји не само да ја исполнат оваа обврска, туку и да ги зголемат овие расходи на 4 отсто од БДП-то.

 

Дисонантни тонови

А во моментот кога ги одбележува 70-те години од основањето, НАТО се соочува со дисонантните тонови во поглед неговата иднина. Францискиот претседател Емануел Макрон на почетокот од ноември изјави дека Алијансата доживеала „мозочна смрт“. Макрон во контроверзниот разговорот од 7-ми ноември за британскиот магазин The Economist предупреди дека Европа не може повеќе да се потпира на САД и дека треба да ја преземе безбедноста на континентот во свои раце. Иако Макрон покрена иницијативи за јакнење на европските одбранбени способности, францускиот претседател тврди дека нивната цел не е замена за НАТО, но останува нејасно како тој планира да ги разреши проблемите во Алијансата.

Сосединетите држави не треба да ги обврзуваат земјите членки на НАТО да купуват нивно вооружување, изјави во пресрет на самитото француската министерка за одбрана Флоранс Парли во интервју за неделникот Journal du Dimanche.

„Не можеме да дозволиме под притисок на Вашингтон претворање на членот пет од Повелбата за НАТО, кога ги обврзува земјите членки на алијансата да ја одржуваат солидарноста, во член F-35, кој ги би присилувал да купат американско оружје“, рече француската министерка за одбрана.

Признавајќи дека САД се важен актер во НАТО, Парли нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп самиот ги повикува европските земји да ја преземат одговорноста за нивната безбедност. Притоа истакна дека Европа „нема воени механизми коишто би биле во согласност со нејзината економска и политичка моќ“. Според Парли, градењето независна суверена позиција не е брз процес. Сепак, тоа не треба да ги стави членките на ЕУ пред изборот меѓу суверена Европа и Трансатлантската алијанса. Напротив, тие треба меѓусебно да се зајакнуваат, додава.

Иако францускиот претседател веќе подолго време ја повикува Европа да почне да се смета себеси за „автономна суверена сила“, а неговата дијагноза за „клиничката смрт“ на НАТО кој прославува 70 години од основањето, предизвика низа реакции. Германската канцеларка Ангела Меркел, на пример, ја оцени како „предрастична“. Но 41-годишниот Макрон смета дека ваквите изјави се неопходни за да ја протресат Европа од нејзината дремка пред самитот на НАТО во Лондон.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пак, го блокира планот за засилување на одбраната на Полска, Литванија, Латвија и Естонија, од наводни закани од соседната Русија. Ердоган со тоа врши притисок врз сојузниците да ја поддржат борбата против милициите на Курдите во Сирија, кои Анкара ги смета за фракција на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).

Во НАТО, исто така, стравуваат и од непредвидливоста на американскиот претседател Доналд Трамп, кој неколкупати го ставаше на маса членот 5 од Повелбата за Северноатлантскиот сојуз, за заемна одбрана, критикувајќи го сојузниците, особено во Европа, дека премногу се потпираат на САД, а од друга страна соработуваат со земјите кои