НАТО не ја коментира воената вежбата на Србија и Русија

Прес-службата на НАТО во писмена изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ), на прашањето за српско-руската воена вежба „Словенски штит 2019“, наведе дека НАТО и Србија се партнери и го почитуваат правото на Србија да„донесува суверени одлуки во врска со вежбите кои се изведуваат на нејзината територија“.

-Тоа е прашање за Србија и Русија, се вели во одговорот на НАТО.

На вежбата „Словенски штит 2019“, учествуваа и руските ракетни системи С-400 „тајфун“ и„Панцир С“, што Русија за прват овие ситеми ги донесе во странство.

Во писмената изјава се наведува дека Србија е партнер на НАТО со кого Алијансата има„добри и продуктивни односи“.

Од таму потсетија дека Србија учествува во бројни НАТО вежби и дека во 2018 годинабила домаќин на цивилната вежба за помош при вонредни случаи, за време на којагенералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го посети и Белград.-Србија, исто така, работи со НАТО за обука на ирачките воени лекари, помагајќи да сеобезбеди стабилност на Блискиот исток, се додадава во одговорот на НАТО за РСЕ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.