НАТО префрла 200 војници заради јакнење на ирачката војска

Земјите членки на НАТО се подготвуваат да префрлат над 200 лица, кои ја обучуваат ирачката војска и соработуваат со меѓународните сили во борбата против т.н. Исламска држава, во сопствена мисија која би помогнала во јакнењето на ирачката војска.

Прераспределувањето на војската е дел од акцијата, која е одговор на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп сојузниците да направат повеќе за Блискиот исток.

За овој чекор, кој претставува преминување на трупите од коалицијата за борба против ИД во мисија на НАТО утре во Брисел ќе разговараат министрите за одбрана од Алијансата.

– Постојат неколку области во кои обуката навистина се преклопува, изјави пред новинарите амбасадорката на САД во НАТО Кеј Бејли Хачисон.

НАТО се согласи во 2018 година да почне мисија за обука во Ирак, во која учествуваат околу 500 војници, со цел да се зајакнат вооружените сили на земјата со цел подобро да се борат против екстремистичките групи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.