НАТО: САД се спремни да ја разгледаат својата одлука ако Русија почне да го спроведува Отворено небо

САД се подготвени својата одлука за повлекувањето од Договорот за отворено небо доколку Русија почне да го спроведува договорот, изјави во петокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и истакна дека Алијансата е приврзана на зачувувањето на ефикасната контрола на вооружувањето, како и дека сите потписнички на договорот мора во потполност да ги исполнуваат своите обврски.

Столтенберг за петокот попладнето свика итен состанок на Северноатлантскиот совет, кој го сочинуваат амбасадорите на државите членки на НАТО, откако САД најавија дека ќе излезат од договорот Отворено небо за шест месеци.

„Ние сме цврсто доследни на зачувувањето на меѓународната контрола на вооружувањето, разоружувањето и неширењето на оружјето. Се согласуваме дека сите држави потписнички на договрот Отворено небо мора потполно да ги исполнат своите обврски. Сите сојузници во НАТО потполно се согласни со сите одредби од овој договор“, изјави Столтенберг по состанокот во Брисел.

Столтенберг рече дека САД „се подготвени да го разгледат своето повлекување од договорот доколку Русија што поскоро почне да ги почитува одредбите од договорот“.

САД не ја затворија сосема вратата за преговори за договорт. Што всушност е стратегија на претседателот Доналд Трамп пза ревидирање на сите досегашни американски мултилатерални договори, и во сферата на безбедноста и во трговијата. Досега САД истапија и нуклеарениот договор на Иран со шесте светски сили од 2015 година, а како и од договрот за копнените проектили со среден дострел и сакаат ревидирање и на договорот со Русија за интерконтиненталните нуклеарни проектили, во кој сакаат да ја вклучат и Кина.

Русија веќе одговори во четвртокот дека таа, исто така, има забелешки дека САД не се придржувале до одредбите од договорот, и предупреди дека неговото поткопување ѝ нанесува штета на безбедноста на Европа

Договорот Отворено небо е склучен во 1992 а стапи на сила во 2002 година. Го потпишаа 35 земји и тој овозможува изведување набљудувачки летови над териториите на земјите потписнички. Договорот придонесува за транспарентноста која би пребало да ја јакне довербата меѓу земјите потписнички во соработката во безбедносните прашања. Од неговото стапување на сила изведени се повеќе од 1.500 набљудувачки летови. Потпоснички на договорот се речиси сите членки на НАТО, и уште неколку земји надвор од Алијансата, меѓу кои се и Русија, Украина, Грузија.

Столтенбер во изјавата по состанокот на Северноатлатнскиот совет истакнува дека Русија „веќе долго наметнува ограничувања на летовите над Калингинград и во близина на границата со Грузија“. „Селективното спроведување на договорот од страна на Русија го поткопува договорот Отворено небо“, рече генералниот секретар на НАТО.

Веќе извесно време Русија и САД меѓусебно се обвинуваат за кршењето на договорот. Американскиот претседател Доналд Трамп уште минатата година најави дека има намера да излезе од договорот. Во четвртокот американски функционери повторно ја обвинија Русија за кршење на договорот и дека САД ќе се повлечат во рок од шест месеци, колку што одредува договорот. Откако американските сојузници во НАТО во четвртокот вечерта негативно реагираа на американските најави, Столтенберг го свика за во петокот итниот состанок на Северноатлантскиот совет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.