НАТО силите координирано ќе се повлекуваат од Авганистан

EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави во средата во Брисел дека силите на НАТО координирано ќе се повлекуваат од Авганистан.

„Ги постигнавме целите кои ги зацртавме и сега е време за враќање на нашите сили дома“, изјави Блинкен по доаѓањето во седиштето на НАТО во Брисел.

„Дојдов тука за заедно со нашите сојузници и со генералниот секретар да работиме на принципот кој го зацртавме на самиот почетокот: Во Авганистан влезегуваме заедно и излегуваме заедно“, додаде Блинкен.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен заедно со американскиот министер за одбрана Лојд Остин подоцна во средата попладнето ќе учествуваат во видео-конференцијата на министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите членки на НАТО. Двајцата американски министри на средбата ќе учествуваат од седиштето на Алијанската во Брисел, а ќе ги известат сојузниците за Украина и Авганистан.

Како што е најавено во Вашингтон, во средата во текот на денот американскиот претседател Џо Бајден да објави дека целосното повлекување на американските сили од 1-ви мај, според договорот со талибаните, ќе биде преместено на 11-ти септеври на 20-годишнината од терористичките напади врз САД кои беа директен повод за американската инвазија врз Авганистан.

„Ние следните месеци тесно ќе соработуваме на безбедното и координирано повлекување на нашите трупи“, рече Блинкен денеска во Брисел,