НАТО свика итен состанок поради рускиот напад врз Украина

Амбасадорите на НАТО утрово треба да одржат итен состанок за рускиот напад врз Украина, изјави претставник на Алијансата за западни медиуми.

„Можеме да потврдиме дека НАК (советот на амбасадори) ќе одржи итен состанок утрово (четврток)”, рече претставник на НАТО.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, потоа треба да одржи медиумска конференција, која се очекува околу 11.30 часот (по Гринич), рече претставникот.