Натписи „УЧК“ и „ИСИС“ напишани на манастир

Натписи „УЧК“, „ИСИС“, „Калифатот доаѓа“ и АКШ (Албанска национална армија) осамнаа на помошните објекти на манастирскиот дворец во Високи Дечани.

Овие како и графити на арапски јазик се напишани со црвена и црна боја.

Фотографиите на социјалната мрежа Твитер ги објавил игуменот на манастирот, Сава Јањиќ.

Полицискиот портпаролЏеват Ибрај вели дека засега нема осомничени, но додал дека се реализираат сите потребни активности.

Чинот на пишување на овие графити ескпресно го осуди претседателката Атифете Јахјага .Таа искажува остра осуда за овој вандализам врз имотот на манастирот во Дечани и го смета за грозен и неприфатлив чин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.