Натпревар за завршување на Летната школа на ФЕИТ

Натпревар за завршување на Летната школа на ФЕИТ

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска, со натпревар на учесниците, завршува Летната школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“.

Летната школа почна на 29 јуни, а ја организираат Институтот за електроника при ФЕИТ и компанијата Сивус годинава. Тема се малите скриени (вградени) компјутери кои се наоѓаат во сите електронски уреди – мобилни телефони, телевизиски и радио приемници, автомобили, авиони и други летала, апарати за домаќинство, мерни уреди, медицинска опрема, роботи, играчки, а нивната улога е да ги направат „паметни“, односно удобни за користење.

На Летната школа учесниците преку предавања ги запознаа скриените миркокомпјутери и сами, преку проектна задача, треба да програмираат одредена „интелигентна“ функција.