Натпреварите без гледачи ќе ги чинат бундеслигашите над 91 милиони евра

22

Германското фудбалско првенство продолжува во текот на викендот по пауза од 2 месеци поради пандемијата на коронавирус, но карантинските мерки за одржување натпревари без публика во преостанатите девет кола до крајот на сезоната ќе ги чинат екипите скапо, пишува „Кикер“.

Клубовите од првите два ешалона на Бундес-лигата нема да успеат да реализираат приходи од вкупно околу 91,7 милиони евра од продажба на билети, бидејќи празните трибини на преостанатите 82 натпревари во елитата ќе ги чинат екипите околу 69,7 милиони евра, а преостанатите 22 милиони се за 81 натпревари од втора лига.

Во овие пресметки не се вклучени износи што мора да се вратат на навивачите кои купиле сезонски билети, и заради ситуацијата не можат во живо да ги следат своите миленици.

Најоштетени во овој поглед се навивачите на Вердер Бремен, кои треба да одиграат уште шест натпревари на домашен терен до крајот на сезоната. Многу навивачи најавија дека ќе го исполнат барањето на нивните омилени тимови и нема да бараат обесштетување.

Просечната посетеност на елитните натпревари минатата сезона беше 42.738 гледачи, а во втората Бундес лига – 18.980 гледачи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.