Научници ги тренираат кравите да одат во тоалет за да ја спасат планетата

Новозеландски и германски научници тврдат дека успешно обучиле крави да мократ во посебни простори, надевајќи се дека така ќе помогнат во намалувањето на загадувањето на водите и емисиите на гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина.

Истражувачите од Универзитетот Окленд, Линдзи Метјуз и Даглас Елифф, работеле со 16 телиња на фарма коајшто ја води Истражувачкиот институт за биологија на животните во Германија. Заедно со германските колеги, двојката психолози покажала дека повеќето телиња може да се обучат да ја „задржат“ урината, се наведува во нивното соопштение за медиумите.

Кравјата урина содржи доста азот, па доколку кравите би можело да се научат да мократ во „тоалет“ барем повремено, азотот би можел да се концентрира и да биде решен пред да ја загади водата или да се претвори во гасот азотен оксид.

Во текот на „обуката“, кога кравите ќе почнеле да уринираат на „погрешно“ место, научниците активирале вибрирање на ланците околу нивните вратови. Телињата биле наградувани со храна доколку уринирале на „вистинското“ место, „тоалет“ кој кое го нарекле МуЛу (MooLoo), и кој го бојадисале во светлозелено за да се разликува од другите трла.

„Вака некои луѓе ги обучуваат своите деца, го ставаат на веце-шолјата, чекаат да се измократ а потоа ги наградуваат ако тоа го сторат. Се покажа дека тоа функционира и со телињата“, рели Метјуз.

До крајот на петнаесетдневната обука, три четвртини од животните извршувале три четвртини од мокрењата во „тоалетот“.

„Кога би можеле да собереме 10 или 20 отсто од урината, тоа значително би можело да ја намали емисијата на стакленичките гасови и испуштањето на азотот во природата“, вели Елифф.

„Ракцијата на луѓето е ‘луди научници’, но всушност основите се тука“, додава Метјуз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.