Научници: Коронавирусот се пренесува преку воздухот, бараат од СЗО промена на препораките

Стотици научници тврдат дека постојат докази дека новиот коринавирус SARS-CoV-2 во помалите честички во воздухот може да биде заразен, и ја повикаа Светската здравствена организација (СЗО – WHO) да ги промени своите препораки, објави The New York Times.

Според препораките на СЗО коронавирусот се шири од лице на лице преку капки од носот и устата на заразено лице при кивање, кашлање или говор.

Во отвореното писмо до СЗО, коешто потписниците планираат да го објават во научно списание следната седмица, 239 научници од 32 земји во светот наведуваат докази кои покажуваат дека помалите честички во воздухот може да бидат заразни, пишува The New York Times.

Без разлика на тоа дали коронавирусот се пренесува со поголеми честички по кивање или преку помали честички кои настануваат со дишењето, коронавирусот се пренесува преку воздухот и може да зарази луѓе кога ќе го вдишат, наведуваат научниците.

Меѓутоа, од СЗО наведуваат дека доказите за пренесување преку воздухот не се убедливи.

„Особено во текот на последните месеци неколкупати истакнувавме дека сметаме дека е можна трансмисија преку воздухот, но за тоа не постојат цврсти, па дури ниту јасни дојази“, изјавила Бенедета Алегранци, директорка на програмата на СЗП за превенција и контрола на заразите.

Авторите на студијата забележуваат дека доколку преносот е воздушно-капелнична е навистина значаен фактор на ширење, тогаш ќе треба да се воведат голем број нови мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, вклучителни и носење маски во простории дури и при одржување социјална дистанца, лекарите ќе мора да носат специјални маски кои ги филтрираат и најситните честички, да се употребуваат системи за вентилација на воздухот на јавните простори и ултравиолетови ламби кои може да ги убијат вирусните честички.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.