Научниците ја испитаа вакцината за Covid-19 на мајмуни

Американски и британски научници извеле успешно тестирање на експерименталната вакцина за респираторната болест Covid-19 чиј предизвикувач е новиот коронавирус врз макаки, и таа успеала да ги заштити мајмуните од развој на пневмонија како резултат од зараза со вирусот, покажуваат резултатите од студијата објавена на интернет ресурсот bioRxiv кој објавува научни материјали.

„Покажавме дека единечна доза од вакцината ChAdOx1-nCoV-19 е ефикасна во спречувањето оштетувања на белите дробови при воведување високи дози на SARS-Cov-2 (вирусот). Истражувањето, исто така, покажа дека вакцината ги заштитила макаки-резус мајмуните од развој на пневмонија“, се посочува во студијата.

Научниците известуваат дека во почетокот вакцината била испитана врз лабораториски глувци, по што биолозите започначе да ја тестираат на резус-мајмнуните. Во текот на истражувањето вакцината ChAdOx1-nCoV-19 им била дадена на шест примати, кај кои биле утврдени сите симптоми на коронавирусот, по што научниците чекале да се создадат антитела кај животните, што траело меѓу 14 и 28 дена. Потоа истражувачите се обиделе да ги заразат макаките со вистински коронавирус.

По седум дена откако кај мајмуните бил инјектиран вирусот SARS-CoV-2, истражувачите откриле дека вакцината целосно ги заштитувала животните од навлегување на вирусот во нивните бели дробовои, а никој од нив не развил белодробна патологија или вирусна пневмонија. Покрај тоа, антиген на коронавирусот SARS-Cov-2 не бил откриен во белите дробови на ниеден од макаките.

Во студијата се наведува и дека успешните тестирања на вакцината им овозможиле на научниците уште на 23-ти април да ја започнат првата фаза од клиничките испитувања, а до 13-ти мај во нив земале учество повеќе од илјада волонтери.