Научниците ја поврзуваат тешката форма на Covid-19 со бројот на автоантитела

Резултатите од новата студија покажуваат дека пациентите со коронавирусната болест Covid-19 на кои им е потребна хоспитализација имаат значително повисоко ниво на автоимуни антитела од оние кај коишто болеста минува со полесна форма, се наведува во статијата објавена во списанието Nature Communications.

Автоантителата се антитела кои се насочени кон сопствените ткива или супстанции кои се лачат од имунолошките клетки во крвта, односно антигени на човековиот организам. Вообичаено, автоантителата се формираат при автоимуни заболувања, но понекогаш лекарите го забележуваат нивното масивно формирање во случаи на сериозни инфекции, на кои се однесува и Covid-19.

Претходни студии покажаа дека по заразата со коронавирусот SARS-CoV-2, некои пациенти развиваат масивни IgG антитела, коишто наместо протеините на вирусот погрешно ги таргетираат цитокините – протеините кои се лачат од клетките на имунолошкиот систем за да комуницираат меѓусебно и да ја координираат заедничката стратегиja.

Како резултат на тоа, овие антитела ја потиснуваат способноста на цитокините да се врзат за соодветните рецептори кои ја блокираат репликата на вирусот. Вториот добива можност непречено да се размножува, а имунолошкиот систем трескавично произведувајќи сѐ повеќе и повеќе цитокини се задушува од сопствените антитела. Во клиничка смисла, тоа води кон појава на таканаречената цитокинска бура, тешка состојба која неретко води до смрт на пациентот.

Истражувачи од неколку универзитети и медицински институци во САД и во Германија го анализирале нивото на автоантитела во промероци од крв земени во март и април 2020 година од 147 пациенти со Covid-19 во три болнции на Медицинскиот факултет Стенфорд, како и во три филијали на медицинскиот конзорциум „Kaiser Permanente“ во Калифорнија. За контрола биле користени примероци од крвта на донатори земени пред пандемијата ја коронавирусот.

Научниците откриле дека повеќе од 60 отсто од пациентите хоспитализирани со Covid-19 имале анти-цитокински автоантитела. За споредба, во контролната група имало околу 15 отсто такви лица. Примероци од крв земени во различни денови, вклучително и првиот дена од хоспитализацијата биле достапни за околу половината од пациентите. Тоа им овозможило на истражувачите да ја следат динамиката на промени во нивото на автоантителата.

„Во текот на една седмица по хоспитаизирањето околу 20 отсто од пациентите развија нови антитела кон сопствените ткива, кои ги немаше на денот на нивниот прием во болница“, вели водечкиот автор на студијата Пол Утц, професор по имунологија и ревматологија во соопштението за медиумите од Медицинскиот факултет Стенфорд.

„Во многу случаи овие нивоа на автоантителата беа слични на оние коишто ги гледаме кога се дијагностицира автоимуна болест“, додава Утц.

Според авторите, тоа може да биде резултат на преоптаварување на имунолошкиот систем предизвикано од постојана инфекција или одложен имунолошки одговор на вирусот пропуштен во почетните фази. Исто така, формирањето на автоантителата може да се случи како резултат на изложеност на вирусните протеини кои ги потестуваат на сопствените протеини на организмот, а имунолошкаиот систем почнува да ги збунува.

„Можно е во текот на слабо контролираната инфакција со SARS-CoV-2, кога вирусот останува во организмот предолго а зголемениот имунолошки одговор продолжува да ги разбива вирусните честички на парченца, имнолошкиот систем да гледа фрагменти од вирусот кои не ги знаел претходно. Доколку некој од овие вирусни фрагменти е премногу сличен со еден од нашите сопствени протеини, може да предизвика производство на автоантитела“, појаснува научникот.

Научниците забележуваат дека резултатите од нивното истражување можат да бидат силен аргумент во полза на вакцинацијата. Вакцините против Covid-19 содражат само еден протеин, ткн „шилестиот“ протеин на SARS-CoV-2 или генетски упатства за негово производство. При вакцинирање имунолошкиот систем никогаш не е изложен на мноштво други вирусни протеини произведени во текот на заразата, а шансите да се изгуба попатно при имунолошкиот одговор се минимизираат.

Покрај тоа, вакцината предизвикува помалку воспаление отколку вистинската инфекција, така што имунолошиот систем има помал веројатност да започне со производство на антитела кон сопствените сигнали протеини или ткивата на организмот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.