Научниците ја прикажаа Земјата со очите на вонземјаните

Американските научниците го претставија моделот како би изгледала Земјата доколку била проучувана на дурги планети, пишува научното списание Science.

Моделот прикажува што астрономите од другите планети на растојание од неколку светлосни години би виделе набљудувјаќи на нашата планета преку нивните телескопи.

Истражувачите од Универзитетот Корнел користеле околу 10.000 снимки на Земјата, направени од стручњаците на американската вселенска агенција NASA со помош на сателитот Deep Space Climate Observatory н, во десет одделни бранови должини во периодот на 2016 и 2017 година.

Овој метод, сепак, не овозможува да се добие точна визуелна претстава за екгзопланета, но овозможува да се осознае дали на неа има океани, облаци и ледени шапки на половите, односно услови за потенцијално населен свет.