Научниците го дознаа главниот „трик“ на коронавирусот

Забавувањето на одговорот на организмот на инвазијата на инфекцијата може да биде главната „итроштина“ на новиот коронавирус SARS-CoV-2, изјави за агенцијата Bloomberg американскиот виролог Шејн Кроти.

„Трикот се состои во тоа да се избегне првичната вродена имунолошка реакција во текот на значителен временски период, за да се избегне раниот одговор на интерферонот од типот I“, вели Кроти.

Досега истражувачите повеќе обрнуваа внимание на врската на респираторната болест Covid-19 со недостигот од интерферон. На пример, своевремено беше објавено дека недостигот од интерферон може да биде решавачкиот фактор кој доведува до потешка форма на болеста.

Според сознанијата до кои дошле американски научнции објавено во научното списение Science, употребата на синтетички интерферон, претходно користен за лекување на други заболувања, може да биде ефикасна во борбата со коронавирусот.

Оваа студија ја коментираше шефот на групата за геномни технологии и имуно-геномика при Медицинскиот центар на Универзитетот Радбауд во Нејмген, Алескандр Хојпшен. Тој истакна дека употребата на интерферон ќе помогне во справувањето со Covid-19 само во почетната фаза од болеста. Во други случаи, текот на инфекцијата и закрепнувањето на пациентот, како што нагласи, ќе зависат од времето.