Научниците идентификуваа пет типови на коронавирусна инфекција

20

Истражувачите од Универзитетот во Бон предлагаат да се поделат случаите на зараза со коронавирусот на пет видови во зависноста на реакцијата на имунолошкиот систем кај инфицираните, а резултатите од нивната студија се објавени во списанието Genome Medicine.

Стручњаците ja анализирале работата на имуните гени кај 95 волонтери, меѓу кои имало и здрави лица и пациенти со Covid-10. Научниците успеале да идентификуваат пет категории: првите две групи биле со тешки форми на Covid-19, а во преостанатите три случаи заразата со коронавирусот минувала во поблага форма.

Овие пет групи можело да се идентификуваат според состојбата на гените во неутрофилните клетки. Таквите клетки припаѓаат на класата на леукоцитите и се одговорни за вродениот имунитет, кој се активира веднаш по навлегувањето на патогенот во човековиот организам. Според студијата, при зараза со коронавирусот неутрофилите дејствуваат на пет различни начини.

Итражувачите, исто така, откриле и дека активноста на гените во неутрофилите при контакт со SARS-CoV-2 се разликува од активноста кога ќе се сретнат со вируси на грипот, ХИВ или туберколозата.

Меѓутоа, научниците сугерираат дека можно е да има и повеќе видови коронаинфекции отколку што може да се утврди преку активноста на нетрофилите, за што ќе биде потребно дополнително и пообем но истражување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.