Научниците испитуваа како млекото помага да се сочува младоста

Биолошкото стареење на организмот е забавено кај луѓето кои преферираат кравје мелко со ниска масленост, објаснуваат истражувачите од американскиот Универзитет Биргам Јанг, објавено е на страницата на универзитетот.

Самата научна студија посветена на оваа тема, начниците ја објавиле во специјализираното списание Oxidative Medicine and Cellular Longevity на 28-ми октомври минатата година.

Тимот научници кој го предводел Лери Такер ги анализирал информациите за 5.834 возрасни Американци кои консумирале леко со многу ниско ниво на масното, односно обесмастено или до 1 отсто, или млеко со повосока масленост, од 2 до 3,25 отсто. Покрај тоа, околу 13 проценти од испитаниците воопшто не консумирале кравје млеко.

Научниците биле заинтересирани за односот меѓу должината на телемерите, односно крајните делови на хромозомите, еден од главните показатели за возраста на едно лице, од една страна, и масленоста на млекото како и зачестеноста на неговото консумирање, од друга страна.

Добиените резултати во разликите, според Такер, биле неверојатни. Така, поради секој дополнителен процент на содржината на маснотиите, телемерите биле скратени за 69 основни нуклеотидни пара, што одговара на повеќе од четири биолошки години. Поточно, кај луѓето кои пиеле млеко со масленост од 3,25 отсто, телемерите биле за 145 основни парови покуси, отколку кај оние кои претпочитале обесмастено млеко.

Покрај тоа, телемерите кај луѓето кои воопшто не консумирале млеко, исто така, биле покуси од оние кои консумирале обесмастено млеко. Според Такер, истражувањето ги потврдило одредбите од Диеталните препораки за Американците, издадени од Министерството за земјоделство за 2015/2020 година, во кои млекото со малку маснотии е вклучено во здравата исхрана.