Научниците најавија создавање на најефикасните антитела против коронавирусот

Научниците од Универзитетот Гетинген креирале нано-тела, коишто можат да го спречат ширењето на новиот коронавирус SARS-CoV-2, а студијата од нивната работа е обајвено во изданието The ECMBO Journal.

Новите мини-антитeла го блокираат доменот што го врзува рецепторот на коронавирусот преку нивно неутрализирање. Тое се прицврстуваат на патогенот и така ја спречуваат инфекцијата.

Авторите на истражувањето во текот на експериментот имунизирале три алпаки, припитомен вид јужноамерикански животни од семејството камили кои наликуваат на ламите, кои произведувале мини-антитела. Потоа биле зеени промероци од крвта на животните за да се изолираат протеинските соединенија. Од нив научниците избрале 45 од најефикасните молекули и ги тестирале нано-телата за ефиканоста во неутрализирањето на SARS-CoV-2.

Со проучувањето на механизмот на остранување на имуните протеини од организмот, истражувачите создале сложени структури од неколку молекули. Таканаречената „тријада“ одговара на симетријата на трите домена на врзување на рецепторот на S (шилестиот) протеин со кој вирусот се поврзува со здравите клетки, а кои не можат да се ослободат. На тој начин, ефикасноста на неутрализирањето на вирусот е зголемена за 30.000 пати во студијата. Се очекува, исто така, дека тоа ќе ја задоволи глобалната побарувачка на лекови против заразата со коронавирусот.

Научниците се надеваат дека доколку се успшени натамошните истражувања на нано-телата, тие ќе може да се произведуваат во поголеми колечества.